Инспекторот Златко Нововиќ од Полициската станица во Ниш бил првиот стапил во контакт со малата Моника по нејзиното исчезнување. Играта на судбината била токму тој да го прими и повикот за нејзиното исчезнување и да ѝ даде на мајката ветување дека ќе и ја врати ќерката дома. Тој открива детали од нивната прва средба.
Собата лево од влезот беше затемнета, внимателно велгов и видов девојче како седи на креветот. Беше мирна, не мрдаше. Ја прашав „Дали си ти Моника”, таа ми одговори „Да јас сум, немојте да ме тепате”. Потоа ја прашав „Дали мајка ти се вика Александра?” кога таа потврди ѝ објаснив дека сум полицаец да не се плаши и ја чував додека не дојде медицинска помош, раскажува за српските медиуми Нововиќ.
После 10 дена интензивна потрага по 12-годишната Моника, таа е пронајдена во напуштена викендица.
Жив нема да им паднам во раце, рекол Нинослав пред да побегне.
Според нејзините зборови Нинослав со себе земал и огромен нож.
Сè појасно e дека Нинослав Јовановиќ не ја избрал 12-годишната Моника случајно, туку долго време ја набљудувал и демнел, чекајќи погоден момент да ја киднапира.
Кога беше објавена најновата фотографија од овој монструм, таксист го препозна. Вели дека пред еден месец го довел тука во нашата населба, а тој не сакал да му плати. Се расправал со него, но кога видел дека нема како да наплати, кренал раце и си заминал, раскажала жителка на Суводол.
Во близина на оваа населба, Јовановиќ ја силувал својата прва жртва во 1996 година, во викендица на неговиот братучед.
Инцидентот со таксистот се случил на 14 декември, а Моника беше киднапирана, шест дена подоцна на 20 декември.
Според српски „Блиц“, кој се повикува на извори блиски до истрагата, во близина на една од куќите каде е утврдено дека изминатите денови престојувал киднаперот на Моника Каримановиќ, откриени се нови траги.
Според овие извештаи, пронајдени се женски црни гаќички и детска маица за кои има сомнение дека педофилот ги купил за девојчето, а му испаднале за време на бегството.
Српската армија и Безбедносно-информативната агенција (БИА) се приклучија во потрагата по девојчето
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.