Едно лице е повредено во неразјаснет инцидент во Тирана, каде по втор пат се собрале неколку илјади луѓе во протести против уривање на зградата на националниот театар.

Неколку илјади демонстранти и стотина полицајци стоеле лице во лице, во центарот на Тирана повеќе од два и пол часа, во текот на протестите заради ноќната акција во текот на која е урната зградата на националниот театар изградена во 1939 година.

Демонстрантите бараат независна истрага за начинот на кој е урната зградата на театарот и оставка од градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

„Уривањето на театарот е повик на граѓанска непослушност и соборување на оваа нарко-диктатура“, рекол поранешниот албански премиер, Сали Бериша.

Едно лице е полесно повредено кога во масата демонстранти експлодирала неидентификувана направа. Учесниците на протестот за овој инцидент ги обвините „провокаторите од власта“.

Несогласиците меѓу власта и опозицијата околу уривањето на зградата на театарот траа повеќе од година дена.

Судбината на оваа зграда беше предмет на остри полемики помеѓу владата на Еди Рама и интелектуалците, кои силно се противеле против уривањето на објектот кој се смета за дел од албанското национално наследство.

Веднаш по уривањето, следувал бран остри реакции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.