По сите бурни реакции, во Бугарија реагираше компанијата „Бела Бугарија“, која ја врши дистрибуцијата на вакцините, а во која се превезувале сувомесните производи.
Возниот парк на компанијата ги исполнува најновите европски барања за овој вид на возило. Тие се опремени со најнова опрема за ладење што поддржува специјални температурни режими, сензори, термограф итн. Високиот квалитет на услугите за транспорт во фрижидер на компанијата е гаранција за целосна усогласеност со условите за брз и квалитетен транспорт на вакцината до сите пунктови низ Бугарија, напишале од компанијата.
Тие дополнуваат дека веруваат дека „во услови на невидена криза во која се наоѓаат во моментов, секој е должен да придонесе за нејзино надминување, без оглед на спецификите на нивната активност“.
Инку, бугарската јавност се крена на нозе откако се дозна дека комбе за превоз на сувомеснати производи во кое се превезувале вакцините против ковид ја крена на нозе бугарската јавност. Дистрибуцијата на вакцините, имено, од Софија до Пловдив, вчера се вршеше со транспортно возило во кое се пренесуваат сувомеснати производи и виршли, а во придружба на четири полициски возила. Транспортот со вакцини беше доставен до регионалната здравствена инспекција во Пловдив.
Во Пловдив вакцините нема да бидат чувани во посебен фрижидер туку во обичен ладилник бидејќи ќе бидат користени во следните пет дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.