За сите кои посакуваат да одат на скијање во туристичките центри во Бугарија со автомобил, од 1 јануари стапи во сила нов закон со кој нема да може да се купуваат вињетки на граничните премини. Источниот сосед воведе електронски вињетки кои може да се купат од дома.
Бугарија веќе врши контроли низ патиштата, и казната за немање вињетка е 300 лева (околу 150 евра).
Нема повеќе вињетка на граница, ќе се купува од дома
„Од 1 јануари, патарината на бугарските патишта се плаќа со електронска вињетка (Е-Винетка), со што повеќе ќе нема потреба да се лепат налепници на ветробранското стакло. Старите налепници се важечки до истекот на нивниот рок. Електронските вињетки не можат да се купат на граничните премини. Можат да се купат преку веб-страницата bgtoll.bg, преку мобилна апликација, 500 терминали за самопослужување лоцирани во бензинските пумпи, како и во регионалните испостави за патарина, каде може да се плати во готово. Цената на налепниците останува иста и може да се купи за викенд, неделна, тримесечна и годишна вињетка. Новина е што се воведува викенд вињетка која чини 10 лева и ќе важи од петок на пладне до недела на полно – соопштуваат од АМСМ.
Плаќањето може да се изврши со кредитна или дебитна картичка, а преку сајтот е можен и трансфер на средства од банка. Системот овозможува е-вињетката да биде активирана со датум најмногу до 30 дена од моментот на купувањето, а автоматски се пресметува крајниот датум за валидност на вињетката. По добивањето на идентификациски број на трансакција за купена вињетка, клиентот може да преземе потврда или да внесе мејл адреса, на која ќе му биде испратена.
Иако Вињетатка нема потреба да се испечати, ниту да се носи во автомобилот или да се покажува на контролните органи сепак од АМСМ препорачуваат да се поседува испечатена потврда.
Контрола дали е платена патарината ќе се врши со возила на т.н. полиција за патарина, кои се опремени со специјална опрема која го снима и скенира бројот на автомобилот и ќе сигнализира ако возачот ја нема платено давачката за користење на патиштата. Бугарската Агенција за патишта веќе има активни 105 вакви автомобили
– соопштуваат од АМСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.