Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 203 нови случаи на Ковид-19. Тоа е за стотина повеќе од претходниот ден, а починале и 9 пациенти.
Од почетокот на пандемијата во земјата има вкупно 15.589 заразени луѓе, од кои починале 104. Активни случаи се 4.416.
Во болниците низ Бугарија во моментов има примено 715 пациенти од кои 64 во тешка состојба.
Според наводите од министерството за здравство, Бугарија се соочува со недостиг на медицински персонал, со оглед дека 849 доктори се заразени со Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.