Пратеник во хрватскиот парламент и застапник на ромското малцинство, Вељко Кајтази, ја обвини жупаниската болница во Чаковец дека заедно со Меѓуморската жупанија го игнорирале првото родено дете од Ромка, а во медиумите и на официјалната Фејсбук страна се објавени фотографии со друго дете родено малку подоцна истиот ден.

Директорот на болницата во Чаковец ја признал грешката, за која тврди дека е ненамерна и дека не е во прашање дискриминација на ромското бебе.

Директорот во извинувањето вели дека настанала грешка поради погрешна информација околу првото родено бебе во 2020 година.

Многу ми е жал, како директор, дека се случи таква грешка. Болницата и здравствениот систем се многу големи и за можат да преземат одговорност, но не можат да се сложат со тоа дека била направена било каква дискриминација. Ние се грижиме за нашите граѓани секојдневно и многу ми е жал поради тоа што се случи. Мислам дека е човечки да се работи и да се случуваат грешки, но и да се извините, како што тоа го направивме ние. Бевме кај госпоѓата и детето, се извинивме, а човечки е да се прости – рекол директорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.