Малку после 17 часот, силно невреме погоди поголем дел од Белград.

Врнежите почнале буквално од ведро небо.

Додека се уште сјаело сонцето над српската престолнина, небото се отворило.

Силен дожд, проследен со грмежи, ги затекна Белграѓани. Иако метеоролозите најавувале дожд, никој не очекувал дека невремето ќе почне попладнево, бидејќи не биле видливи темни облаци.

Реки вода течеле по белградските улици, а сообраќајот во центарот на градот доживеал колапс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.