Главниот град на Хрватската синоќа беше погоден од силно невреме проследено со огромен број електрични празнења или молњи, силен дожд и град.

Во попладневните часови до доцна вечерта Загреб беше зафатен од силно невреме кое се најавуваше дека ќе го опфати речиси цел Балкан. Невремето ја погоди и Славонија и околината каде што, како што пренесуваат локалните медиуми, паѓал град со големина на голф топче.

На “Severe Weather Europe” беше објавена навистина неверојатна фотографија од небото на Загреб кое е „изpeшeтaнo“ од молњи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.