Небојша М.(38) од Белград, зетото на пинк пантерот Александар Шарац(34), изрешетан е вчера пред нивната семејна  куќа на Баново брдо додека покрај автомобилот склопувал количка за бебе.

Небојша на место останал мртов, а напаѓачот, кој носел бела јакна, избегал со бело пунто. Како што се дознава, Небојша најверојатно страдал по грешка, бидејќи вистинската мета бил Шарац, кој инаку досега неколу пати ја избегнал смртта.

Пукањето се случило вчера околу 10.30 часот.

Небојша излегол од станот и се симнал до автомобилот како би ја спакувал количката за бебето. Се верува дека сакал со сопругата, која е сестра на Шарац, да го изнесе бебето на прошетка, додека таа останала во станот да го почека. Меѓутоа кога тој се симнал, покрај него поминало бело пунто со затемнети стакла и застанало крај коловозот. Од него излегол напаѓачот во бела јакна и црна капа на главата, па од пиштолот со пригушувач, кој го извадил од ранецот почнал да пука на Небојша, погодувајќи го во глава и гради. Потоа оттрчал до пунтото во кое го чекал возач и избегал. Целото злостротво го снимиле надзорните камери – вели извор од истрагата.

Соседите го виделе човекот како лежи пред куќата во снегот и веднаш повикале полиција.

Соговорниците велат дека истргата се движи во два правци.

Со оглед на тоа дека Небојша немал проблеми со законот, се верува дека виситнската мета бил братотот на неговата жена, кој неодмана излегол од затвор, каде лежел поради недозволено поседување оружје. Шарац инаку е дел од бандата Пинк Пантер, која е позната по ограбување на златари. Напаѓачот веројатно го чекал него, но го помешал со зет му Небојша, бидејќи тој имал капуљача на главата поради ладното време- рекол соговорникот.

Друга, помалку веројатна верзија на убиството е дека Небојша е ликвидиран од одмазда.

Не се исклучува можноста убијците да сакале на Александар да му испратат порака со убиството на зет му.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.