Црногорскиот министер за труд и социјална помош Кемал Пуришиќ е позитивен на коронавирусот, соопшти црногорската Влада.
Од синоќешните резултати од тестот, како што се наведува, министерот и неговата сопруга се во самоизолација.
– Националното координативно тело (НКТ) го поздравува неселективното почитување на епидемиолошките мерки и му посакува на семејството Пуришиќ брзо закрепнување и враќање на редовните активности, соопшти Владата на својот профил на Твитер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.