Премиерот на Албанија Еди Рама ја честитал годишнината на независност на Косово со провокативна фотка која ја објавил на својот Фејсбук профил.
На фотографијата се наоѓаат две девојки едната го претставува Косово а другата Албанија. Девојката која го претставува Косово ја бакнува во чело девојката која ја претставува Албанија.
Всушност се работи за една личност, поточно пејачката Дуа Липа, а на фотографијата таа е облечена во две бои и со две знамиња на ракавот се бакнува самата себеси, честитајќи ја независноста на Косово .
Слична провокација стигнала и од Приштина, каде што Албин Курти во едно интервју рекол дека го подржува соединувањето со Албанија, но дека спрема сегашните закони не е можно.
Се уште немаме закон за референдум на Косово, но два референдума меѓу нашата земја и Албанија би решиле такво нешто. Мислам дека би гласал за – рекол Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.