Девојката Снежана Рудинац(24) од Краљево, која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа која се случи на 17 јули 2018 година во Бечиќи, за чие предизвикување е обвинета црногорската сликарка Емина Адровиќ(23), веќе петипол месеци е во кома.
Од повредите здобиени во таа несреќа свршеникот на Снежана, Милош Вукомановиќ(25) почина на лице место.
Како што се дознва во Војно медицинската академија во Белград, каде Рудинац е префрлена после првобитната хоспитализација во Рисанската болница, нејзината состојба се уште е непроменета.
Таа се уште е во кома, во тешка состојба- изјавил за српски Блиц, извор од установата.
Девојката е сместена на одделението за интензивна нега, а кај неа може да влезат само членовите на најблиското семејство. Снежана во сообраќајната несреќа, во која таа и нејзиниот свршеник беа покосени како пешаци, се здобила со повреди на главата, потколеницата, натколеницата и градниот кош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.