Неколку десетици граѓани се собрале вечерва пред зградата на Кантонот Сараево за да изразат незадоволство поради новата одлука за карантин во време на викендот.

Насобраните луѓе скандираат „купете вакцини“ и најавуваат дека утре ќе се соберат на исто место во поголем број.

Протестот го организирале преку социјалните мрежи, а протест најавиле и неколку групи на угостители.

Премиерот на Кантонот Сараево Един Форто вечерва најави дека од петок во 20 часот до понеделник во 7 часот поради влошената епидемиолошка ситуација ќе работат само аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи, додека трговските центри и угостителските објекти ќе бидат затворени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.