Игор Вукотиќ, брат на водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ важи за мистериозна личност на Балканот. Кога ќе се впише неговото име во пребарувачите се појавуваат неколку со тоа име но ниту еден не е вистинскиот.

Вистискиот Вукотиќ го зазеде заменичкото место во Шкаљарскиот клан откако во Атина беше изрешетан Игор Дедовиќ. Оттогаш Игор му е најблизок соработник на братот Јован. Заедичко им е тоа што и двајцата имаат македонски пасош. Јован е во затвор во Црна Гора додека Игор никој не знае каде се наоѓа.

Вукотиќ во 2017 година беше осомничен дека се обидел да го убие неговиот побратим Саша Ѓукиќ на кого било пукано во класична „сачекуша“ додека се возел во своето Ауди.

Она што се знае е дека тој е еден од најголемите бизнисмени во Црна Гора. Како што пишуваат црногорските медиуми Вукотиќ е сопственик на три фирми и недвижнини од 28.000 квадрати, најголем дел на приморјето.

Но, презимето Вукотиќ знае да направи проблеми на обичниот човек. Со таква мака се соочил.

Сметководител од Белград кој исто така се вика Игор Вукотиќ имал многу проблеми поради тоа што има исто име и презиме како познатиот црногорски криминалец.

Каде и одел во странство бил задржуван на граница бидејќи полицијата мислела дека се работи за „Шкаљарецот“ Вукотиќ. Проблем имал и со неговата фотографија бидејќи во сите медиуми кога требало да се прикаже криминалецот Вукотиќ се давала сликата од мирниот сметководител.

Поради тоа, српската полиција го советувала целосно да го смени името и презимето.Тоа и го сторил и неговиот нов идентитет го знаат само неговите најблиски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.