Урош Ѓ. (29) од Пожега и неговата девојка Јована Ј.(30) најдени се мртви во викендичка во селото Кремна кај Ужице, а според првите резултати на истрагата, се претпоставува дека ги убила струја во купатило.

Веројатно двајцата млади загинале во понеделникот навечер, а телата се најдени ден подоцна, откако Урош и Јована не им се јавувале на родителите и пријателите на телефон, па мајката на Урош замолила роднина да оди до викендицата и да види што се случува.

Роднината ги нашол мртви на подот на купатилото- рекол изворот и додал: Истрагата и обдукцијата ќе покажат што точно се случило. Засега, се претпоставува дека момчето влегло во купатилото да се истушира, дека во туш кабината дошло до струен удар, а дека девојката настрадала во купатилото, обидувајќи се некако да му помогне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.