Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се уште се наоѓа во болница, каде што е примен поради кардиоваскуларни проблеми.

Како што дознава Ало.рс, Вучиќ, поради големиот обем на работа имал помали здравствени проблеми, но неговата состојба сега е значително подобра.

За здравјето на шефот на српската држава, се грижи тим на експерти и тој засега се наоѓа во добри раце.

Утринава се чувствува многу подобро – потврдил и новинараот Драган Вучиќевиќ кој предмалку се вклучил во програмата на телевизија Пинк и додадал:

Залудно хејтерите се радуваат по твитер и овој план им пропадна, Вучиќ се чувствува многу подобро. Се радуваа бидејќи единствен начин да дојдат на власт е Вучиќ некој да го убие или да умре – рекол Вучиќевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.