Силното невреме што го зафати Халкидики деновиве однесе седум животи, а повредени се 23 лица. Ветрот кој корнеше дрвја и покриви, направи огромна штета.

Минатата година, пак, локалните жители и туристите на тој дел од Грција се соочуваа со поплави, кои исто така направија доста штета.

Затоа, низ Грција често може да се забележат овие знаци кои означуваат дека на тоа место за време на поројни дождови, водата надојдува. Овие поплави лесно можат да ви го излизгаат возилото и тоа да заврши во море, затоа не се препорачува паркирањето токму на тоа место.

На Халкидики веќе втор ден се работи на нормализирање на состојбата, враќање на електирчната енергија и пуштање на запрената вода, но метеоролозите предупредуваат дека нестабилното време на краците ќе се задржи и неделава.

Иако не се очекува невреме како она завчера, кое го нарекуваат „невреме од библиски размери“, сепак, ова се знаци и предупредувања кои не е пожелно да ги игнорирате.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.