Бугарија ја два дена ја задесија две несреќи. Покрај македонскиот автобус кој се запали на делницата Струма, вчера се случи и пожар во старечки дом во источниот бугарски град Ројак.
Атиџе Рафед, вработена во локалното градско собрание, бил меѓу првите во селото Ројак која го забележал пожарот. Жената за bTV раскажала за ужасот што го доживеала.
„Го видов пламенот и ги слушнав врисоците на луѓето за помош. Тоа беше голема трагедија“, рече Атиџе.
Таа веднаш отишла да помогне кај сопругот и синот.
„Кога влегов внатре, се беше во вода. Луѓето беа под стрес, на земја, на кревети. Страшна работа“, рече Атиџе.
Пожарникарите велат дека евакуацијата на луѓето не била лесна.
„Повеќето луѓе се на возраст од 70, 75, 80 години. Евакуацијата беше отежната. Една од жртвите имала витални знаци кога починала во брзата помош“, изјави Валентин Николов, началник на противпожарната единица во Далгопол.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.