Бугарската влада направи отстапки од препораката на Европската унија и за граѓаните на пет земји, вклучувајќи ја и Македонија, им се дозволи влез во Бугарија, под услов да приложат негативен корона тест. Ова е одлуката што е донесена на последната владина седница.
-По молба на туристичкиот сектор ќе биде дозволен влез во земјата со негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа за туристи од Молдавија, Израел, Србија, Кувајт и Македонија“, соопшти Валери Симеонов, заменик спикер на Националното собрание.
Макдонските граѓани негативниот тест ќе треба да го прикажат на самиот влез во Бугарија. Со оваа одлука летовалиштата на Бугарија покрај албанските, се уште една можност за планирање на одморот. Дополнително, бугарската влада во денеска објавените мерки, објави субвенционирање за чартер летовите, кои ќе носат туристи со 35 евра по човек.
Практично, тоа значи дека ако четиричлено македонско семејство сака да летува во Бугарија, ќе треба да потроши дополнителни 10.000 денари за тестови.
Грција неодмна ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.