Директорот на Канцеларијата за информатички технологии и електронска администрација на Владата на Србија, Михаило Јовановиќ, објави дека повеќе од 22.000 странски државјани биле вакцинирани во Србија за три дена (25, 27 и 28 март). Јовановиќ за Радио Телевизија на Србија (РТС) изјави дека тие дошле на покана на Српската стопанска комора или се пријавиле преку порталот за е-Влада и дека вакцината ја примиле од шведско-британскиот производител АстраЗенека.
Вакцинацијата на странски државјани беше организирана викендов на пунктовите за масовна имунизација во Белград и Ниш.
Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Шадеш, рече дека 8.500 бизнисмени од регионот биле вакцинирани за време на викендот, а вакцинацијата ќе продолжи и денес и утре (29 и 30 март).
Претседателот на Српската стопанска комора претходно изјави дека најголем одговор имале деловни луѓе од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.