Франција, Албанија, Велика Британија, Бугарија и Полска се петте земји со најголем број позитивни случаи на Ковид-19 во Грција од почетокот на туристичката сезона, односно од 1 јули до 25 октомври 2020 година, според официјалните податоци од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.

Во конкретниот период регистрирани се вкупно 2.198 позитивни случаи кај посетители, од кои 447 се активни, 1.625 се вратиле во нивната земја, а 126 се неактивни и остануваат во Грција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.