Жена и нејзината тригодишна ќерка утрово загинале по пад од четврти спрат пред зградата во која живееле. Според првичните информации на српските медиуми, тие скокнале од прозорецот во обид да се спасат од пожарот кој избил во нивниот стан.
Но, како што дознава српски „Курир“, во моментов се испитува дали 36-годишната мајка сама го започнала пожарот. Според нивните информации, полицијата се сомнева дека мајката прво ѝ ги пресекла вените на тригодишната ќерка, па потоа себе. Потоа, таа ја фрлила својата ќерка низ прозорот, пред и самата да скокне.
Брзата помош не успеала да го спаси девојчето, кое при пристигнувањето давало знаци на живот.
Трагедијата се случила утрово околу 8:20 часот во населбата Нов Белград.
Во семејството досега немало никакви пријави за семејно насилство
Како што известуваат репортерите од терен за српските портали, Брзата помош интервенирала и за друг член на фамилијата, откако му се слошило. Пред зградата покрај членови на семејството наслобрани се и голем број на соседи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.