Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Турција има решавачко значење во борбата против Исламска држава, пренесе агенцијата Анадолија.
Ниту еден сојузник не настрадал повеќе од Турција во терористичките напади. Таа е важна за борбата против Исламска држава. Таа е единствениот сојузник кој граничи со Сирија и Ирак, рече тој, зборувајќи во Европскиот парламент.
Столтенберг додаде дека прогресот и достигањата, направени од НАТО во оваа борба не би биле можни без користењето на турските бази и инфраструктура.
Столтенберг изјави дека НАТО, исто така, дава поддршка за операцијата „Софија“, во Средоземно море, во борбата со швецот со луѓе.
Всушност би можеле да направиме и повеќе за да им ја дадеме поддршката, доколку тоа биде побарано од ЕУ, на пример, за да помогнеме за наметнување на ембаргото врз увозот на оружје во Либија, рече тој.
Столтенберг го повтори значењето на трансатлантската врска меѓу Европа и Северна Америка.
-Верувам во трансатлантската врска меѓу Северна Америка и Европа, и покрај фактот што знам дека луѓето од двете страни на Атлантскиот океан под прашање ја ставаат силината на оваа трансатлантска врска, додаде тој.
Столтенберг изјави дека оваа врска го симболизира самиот НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.