На денешен ден НАТО ја бомбардираше вилата на Слободан Милошевиќ во ул Ужичка 15 на Дедиње. Милошевиќ ја користел оваа резиденција до почетокот на нападите откаде бил однесен на тајна локација.

Вилата на Ужичка 15 всушност е поранешната резиденција на Тито која тој ја користел непоредно пред да замине на лечење во Љубљана од каде никогаш не се врати.

Таа има лифт и скривница која се спушта и до 70 метри под земја. Интересно е дека НАТО долго размислувал дали да ја бомбардира вилата, но не поради жал за семејството Милошевиќ.

Алијансата имала информација дека во вилата се наоѓа дело на уметникот Рембрант.Холандија сакала да дојде до оваа слика и затоа била внимателна.По бомбардирањето се утврдило дека сепак станува збор за копија.

Погледнете како изгледала куќата на Слобо и Тито.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.