Словенечките власти не се двооумеле многу кога на наставничка во основно училиште во Марибор експресно ѝ било врачено решение за престанок на работниот однос бидејќи одбила да се тестира или да се вакцинира против Ковид-19. Ова е прв случај откако владата ги заостри ковид-мерки поради ширењето на вирусот, пишуваат словенечките медиуми.
На наставничката ѝ била одредена привремена забрана за работа од почетокот на учебната година бидејќи одбила да се тестира еднаш неделно и да носи маска во училницата, што е обврска пропишана од Министерството за образование, а сега добила и отказ.
Таа има право да поднесе жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.
Според извештаите на медиумите, наставничката била активна во групата против вакцинација, која неодамна провали во редакцијата, барајќи прекин на „пропагандата“ на владината кампања за вакцинација, а во видео на Фејсбук ги убедуваше родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимски и фашистички училишта“, пренесе Хина.
Директорката на училиштето, Катја Прегл, за мариборскиот весник „Вечер“ изјави дека е наставничката е отпуштена поради кршење на работните обврски, со оглед на тоа што одбила да носи маска во затворени простории и не ги исполнува таканаречените услови за „PCT“ (прележани, вакцинирани, тестирани) што се валидни за вработените во училиштето да можат да работат.
Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар изјави денеска дека условот за „PCT“ поставен од владата со ограничувања веќе „дава резултати“ бидејќи бројот на новозаразени лица стагнира во последните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.