На наставничка во основно училиште во Марибор, Словенија и било врачено решение за престанок на работниот однос бидејќи одбила да се тестира или да се вакцинирана против Ковид-19. Ова е прв ваков случај откако словенечката Влада ги заостри антиепидемиските мерки, пишуваат словенечките медиуми.

На наставничката од почетокот на учебната година и била одредена привремена забрана за работа, бидејќи одбила да се тестира еднаш неделно и да носи маска во училницата, што е обврска пропишана од Министерството за образование. Таа сега е отпуштена.

Таа има право да поднесе жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.

Според локалните медиуми, наставничката била активна во група против вакцинација, која неодамна упадна во студио на информативна програма, барајќи да престане „пропагандата“ на владината кампања за вакцинација, а во видео на Фејсбук ги убедувала родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимски и фашистички училишта“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.