Платениот убиец Чаба Дер(38) од Чантавир кај Суботица, кој се сомничи дека на 5 јануари на Баново брдо го уби Небојша Марковиќ(37), зетот на Александар Шарц(34), припадник на бандата Пинк Пантер, активен корисник е на социјалните мрежи, на кои објавува фотографии со познати личности.
Имено, Чаба, кој во 2004 година е осуден поради ликвидација на новосадскиот криминалец Бранислав Јелачиќ, после изглеувањето од затвор, водел прилично опуштен живот.
Иако брзо по ослободувањето во 2017 година, уапсен и протеран од БиХ поради сомнеж дека подготвувал ликвидација на водачот на барскиот клан, Ален Кожар, во Србија се движел сосема слободно. Судејќи по неговите профили на социјалните мрежи, често бил гостин на популарни клубови и кафулиња, а објавувал и фотографии на кои позира со многу познати естрадни личности.
Опасниот бегалец фотографиран е со пејачката Дара Бубамара, пејачот Звонко Богдан, а со своите следбеници на Инстаграм споделил и фотографија на која Радиша Трајковиќ Џани му пее на уво.
Сите тие сега негираат дека го познавале и дека фотографиите со него се фотографии со нивен фан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.