Во Загреб се одржа масовен протест против потребата да се покажува ковид-потврди и епидемиолошките мерки.

Според „Индекс“, на протестот се собрале околу 15.000 луѓе, кои барале укинување на задолжителните потврди за ковид кои се во сила во Хрватска во секторите за здравство и социјални услуги, како и во јавните и државните институции.

Демонстрантите се собраа на две локации, на плоштадот на Француската Република и на плоштадот на жртвите на фашизмот. Од овие места се упатија кон плоштадот Бан Јелачиќ, централното место на протестот, каде што се одржаа говори.

„Ал Џезира“ објави дека демонстранти во Загреб со автобуси пристигнале од цела Хрватска.

Пред завршувањето на протестот во Загреб, била нападната новинарската екипа на „Нова ТВ“, а дел од групата протестирале и пред државната ХРТ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.