Тројца цивили – двајца мажи и една жена – загинаа во синоќешниот напад во центарот на Виена, соопшти началникот на градската полиција.

Директорот на „Виенски болници“ Михаел Биндер информира дека во шест болници во Виена се примени 15 повредени, од кои седуммина се сериозно повредени. Биндер за јавниот сервис ОРФ изјави дека станува збор за повреди добиени од куршуми, и оти кај неколкумина повредени е извршена и хируршка интервенција.

– Синоќешниот напад во Виена беше „исламистички терор“ и однесе три животи, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер на прес-конференција одржана рано утрово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.