Стравични се сликите од денешниот упад на косовските специјалци на Северот на Косово. Вооружени до заби со автомати упаднаа во Митровица. Биле во 25 оклопни транспортери и внеле страв кај локалните Срби. Притоа уапсени се две лица од српска националност.

Српските власти веднаш ги алармираа ЕУ и САД.Според нив, акцијата на косовската специјална полиција е заплашување и реакција по поразот во Интерпол за приемот на Косово и изговор за кршење на прописите за заплашување на српскиот народ, за кој рече дека се надева оти ќе остане единствен.

Претседателот на собраниската Комисија за Косово, Милован Дрецун, акцијата на РОСУ ја оцени како престава за јавноста по дебаклот во Интерпол и демонстрација на моќ кон српските припадници на Косовските полицијски сили (КПС).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.