Автобусот во еден момент како да подиве и почна неконтролирано да се движи со брзина од над 100 на час. Никако не можев да го запрам и гледав каде ќе напавам најмала штета. Удрив во еден паркиран автомобил, па се забив во куќата, изјавил возачот на автобусот број 20, Драгослав К. кој утрово се забил во куќа во близина на Белград.
Тешката сообраќајна несреќа за среќа минала без жртви и потешко повредени, а најголема штета претрпела стамбената куќа каде се забило возилото.
Среќа што светлото на семафорот беше зелено, кој знае што ќе беше да требаше да застанам, а возилата да тргне пред мене. Потоа морав да бирам, дали ќе удрам во луѓе или да се забијам во куќата, додал возачот.
Со својата одлика, пишуваат медиумите од соседството, возачот спасил 15-тина патници кои биле во автобусот, но и пешаци кои би можеле да настрадаат. Со поллесни повреди минале 4 патници, а допрва ќе се утврдува која е причината за ненадејното забрзување на авотбусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.