Словенечката полиција соопшти дека претстојниот викенд ќе има засилено присуство во туристичките центри низ државата, со цел да ги спречи граѓаните да го прекршуваат ограничувањето на движењето, наметнато со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа реакција на Министерството за внатрешни работи е по искуството од минатиот викенд, кога граѓаните масовно отидоа во туристичките центри и крајбрежните градови и на тој начин ги прекршија ограничувањата на движењето.
Се работи за ограничувања кои се непријатни за луѓето, посебно во првите денови на пролетта, кога сите сакаат да се дружат и да одат на прошетка во природа, но оваа мерка е само за ваше добро – се наведува во соопштението на полицијата.
Надлежните информираат дека сите оние кои нема да го почитуваат ограничувањето ќе бидат најстрого казнети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.