Минатата година и покрај пандемијата и последиците кои таа ги предизвика, албанските иселеници испратиле 673 милони евра на своите најблиски во родниот крај.

Податоците објавени од Централна банка на Албанија покажуваат дека минатата година имало благо намалување од само четири отсто споредно со претходната година.

Осетно намалување е забележано во второто тромесечје, април – јуни, кога Европа беше скоро целосно изолирана, кога дознаките бележат намалување од 35 отсто на годишно ниво. Но, затоа пак, дознаките се зголемија во третото и особено во четвртото тромесечје, со 6,5 односно 11,5 отсто и речиси целосно го компензираа падот во второто тромесечје – наведуваат од банката.

Оттаму додаваат дека Италија и Грција и понатаму се главните канали на дознаки, поради големиот број иселенци кои живеат и работат во овие земји.

Но, во последниве години, приливот се зголемува од земјите каде што и бројот на албанските иселеници се зголемува, главно Велика Британија и особено Германија.

Трендот на дознаките во последните три децении е различен. Највисок износ е забележан во 2008 година по што почнува опаѓање на износот на дознаки повеќе од една деценија, поради фактот што иселениците почнаа да ги прекинуваат врските со татковината, формирајќи семејства во земјата каде што работат.

По падот на тоталитарнот режим, за три децении, околу 1,64 милиони албански граѓани или 36 отсто живеат и работат во странство, главно во Грција, Италија, Германија, САД, Канада, Велика Британија и Швајцарија .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.