Словенечките власти објавија дека во земјата се потврдени само пет нови случаи на новозаразени со коронавирусот, што е најмалку од почетокот на епидемијата.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, има намалување и на бројот хоспитализирани лица поради Ковид-19, кој сега изнесува 88. На одделите за интензивна нега се лекуваат 26 пациенти со потешка клиничка слика на болеста.
Во изминатите 24 часа, едно лице оздравело, а три починале како последица од Ковид-19.
Домовите за стари лица и понатаму се жариште на заразата, а речиси сите нови инфицирани и починати се токму од тие установи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.