Националниот кризен штаб на Хрватска утрово објави дека во последните 24 часа има рекорден број новозаболени.
Во последните 24 часа евидентирани се 369 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 2634.
Меѓу нив, 269 пациенти се во болница, од кои 15 се на апарати за дишење.
Три лица починаа. Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 11.094 лица заразени со коронавирус, од кои 194 починаа, а 8.266 заздравиле.
Во моментов има 8901 лице во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 179.838 лица, од кои 4.492 во последните 24 часа.
Поради ваквата состојба , повеќето земји на ЕУ ја ставија Хрватска на црвената листа и од минатата недела им препорачаа на своите граѓани да не одат на одмор на хрватското крајбрежје. Голем број авиокомпании ги укинаа и редовните авионски линии до Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.