Албанската национална агенција за храна информира дека на албанскиот пазар се продадени 11,747 килограми сладолед со канцерогена содржина.

По извршените контроли на албанскиот пазар, агенцијата за храна пресмета дека количина од 16,1 тони сладолед штетни за здравјето е дистрибуирана на пазарите во земјата. Од нив продадени се 11,747 тони. Околу 20 тони се уште беа во магацините на субјектите увознички и тие беа уништени – информираа од Агенцијата.

Во соопштението се додава дека е откриен етилен оксид во увезениот сладолед „Баунти“, „Сникерс“ и „Твикс“ неколку недели откако овие производи беа повлечени од продажба во земјите на Европската Унија.

Од Агенцијата апелираат до граѓаните доколку забележат продажба на сладолед од споменатиот универзален сладолед тоа да го пријават.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.