На зградата на српската амбасада во Финска, било истакнато знамето на ОВК, кое утрово било отстрането. Според Министерството за надворешни работи на Србија знамето го поставиле непознати сторители.

Амбасадорот Саша Обрадовиќ утрово го отстранил знамето од влезот за автомобили во дворот на амбасадата и за инцидентот ја известил хелсиншката полиција, која излегла на местото на настанот за да спроведе истрага.

Министерството за надворешни работи на Србија остро го осуди овој чин, кој го нарече провокаторски и вандалски и очекува властите да ги пронајдат сторителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.