На вселенскиот патријарх Вартоломеј му е ставен стент во болницата „Маунт Синај“ во Њујорк, откако се почувствувал лошо за време на неговата посета на САД, пренесоа француските медиуми.

Вселенскиот патријарх денеска ќе биде отпуштен, откако ноќта ја мина во болница на Менхетен, се наведува во соопштението на Грчката православна црква во кое се нагласува дека „поставувањето стент е вообичаена процедура која има за цел да го врати протокот на крв во срцето во затнатите артерии“.

Пред медицинската интервенција Вселенскиот патријарх според програмата на неговата посета се сретна со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс.

Ова беше второ заминување во болица на Вартоломеј за време на неговата посета на САД, бидејќи првично беше примен во болница во Вашингтон, откако се почувствувал лошо по долгиот прекуокеански лет. Неколку часа откако беше пуштен од болницата во Вашингтон, на 25 октомври, Вартоломеј се сретна со претседателот Џо Бајден во Белата куќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.