Возачот на автобусот што се преврте во близина на Славонски Брод, при што загинаа 10 лица, а над 40 беа повредени, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска. Тој е осомничен дека предизвикал сообраќајна незгода, за што максималната казната изнесува до 15 години затвор.
Хрватската полиција објави дека е утврден идентитетот на осум загинати лица, додека постапката за утврдување на идентитетот на уште двајца загинати продолжува. Во полициското соопштение се наведува дека за возачот, 52-годишен косовски државјанин, е поднесена кривична пријава поради сомнеж за предизвикување сообраќајна несреќа, а потоа тој ќе биде предаден на државното обвинителство во Славонски Брод за понатамошна постапка.
Досега полицијата утврди дека возачот, кој управувал со автобусот со косовски национални регистарски ознаки, не се движел на среде обележаната сообраќајна лента, туку ја преминал тревната површина, а потоа автобусот се превртел странично. Во несреќата загинаа 10 лица, 15 лица се здобија со тешки телесни повреди, додека 30 лица со полесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.