Во манастирите на Света Гора се потврдени дваесетина случаи на Ковид-19, а еден монах е хоспитализиран и приклучен на апарати, објави грчкиот весник „Македониа“.
Во меѓувреме, независно од регистрираните случаи, со одлука на заменик-управителот на Света Гора продолжена е забраната на сите посети за поклоненија до 15 април 2021 година, а ќе продолжи и тестирањето со брзи тестови на пристаништата што водат до Света Гора.
На 20 март почна имунизацијата на Света Гора, а според информативниот портал „Вориа“ на располагање се 1.000 дози од вакцината. Околу 600 лица изразиле желба да се вакцинираат, а вакцината веќе ја примиле 150 монаси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.