Двегодишно девојче е во болница откако во градинка испила средство за дезинфекција „асепсол“, кое било во шише со етикета за вода. Инцидентот се случил во градинката „Наша радост“ во Рача, Србија, кога воспитувачката му дала на девојчето да се напие од шишето во кое верувала дека има вода.
Тоа се напило малку, по што почнало да повраќа, по што била повикана нејзината мајка. Таа ја одвела во локалниот Дом за здравје, од каде веднаш ги препратиле во болницата во Крагуевац.
Во меѓувреме воспитувачката ја увидела грешката и веднаш ја контактирала мајаката. Девојчето се наоѓа на интензивна нега, но не е во животозагрозувачка состојба, благодарение на брзата реакција на докторите. „Асперол“ може да биде фатален доколку се испие поголема количина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.