Гласачот по име Никола Груевски е на Избирачкиот список. Името на гласачот, како и возраста од 49 години, се совпаѓаат со оние на поранешниот македонски премиер, кој избега во Унгарија каде што доби азил, се вели во текстот на унгарскиот портал 24.ху.

Според изворите на порталот, овој нов избирач на Избирачкиот список има лична карта од Петтиот округ, но нема адреса.

Дека Груевски ќе гласа на локалните избори в недела во Будимпешта, не е никаква ексклузива од причина што во согласност со тамошните закони корисниците на азил имаат право на глас на изборите, или барем на некои од изборите. Всушност, корисниците на азил ги имаат речиси сите права како државјаните на Унгарија, но не се државјани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.