Крузер од Германија, кој плови по Дунав, е ставен во карантин во Виена, поради откривање на голем кластер заразени со корона вирусот.
Кризниот штаб на Виена соопшти дека на крстосувачот во кој има 178 патници биле пронајдени 80 заразени лица.
Сите патници и персоналот се ставени во карантин и им е наредено да не го напуштаат бродот.
Крузерот испловил во Пасау, а заразените патници биле откриени за време на тестирањето, што бил спроведено за оние кои сакале да го напуштат бродот за да шетаат низ Виена.
Од Виенскиот кризен штаб посочуваат дека се работи на решение за патниците повторно да се вратат во Пасау.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.