Едно дете се удавило, а 47 мигранти се спасени откако нивниот чамец се превртел недалеку од островот Лезбос, соопштила грчката крајбрежна стража.

Ситуацијата со мигрантитие се вжештува, а грчката војска сооштила дека во областа долж реката Еврос, користи вистинска муниција.

Четвртиот корпус на грчката војска најавил воена вежба со вистинска муниција на сите гранични точки во Кипои и Кастанис, каде престојуваат илјадници мигранти. Во тек на вежбата ќе бидат користени пиштоли, пушки, митралези и слично оружје.

Војската предупредува дека секое движење на луѓе, животни или возила е забрането за време на траење на вежбите.

На социјалните мрежи се појави информацијата дека наводно паднала и првата жртва од војната со мигранитите и грчака погранична полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.