Семејна трагедија се случи викендов во централна Србија. 64 годишната Мирјана Младеновиќ се лизнала и паднала во реката Голема Морава. Таа со сопругот Драги отишле да се релаксираат на реката и да ловат риби.
Одеднаш Мирајана паднала во реката а сопругот се обидувал да и помогне. Но бидејќи реката ја однела далеку тој отишол од другата страна на брегот. Но, за несреќата да биде поголема и тој се лизнал и се удавил.
Сето ова отстрана го гледале рибари но биле немоќни да помогнат бидејќи се се одвивало за неколку минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.