Отворањето на границите им донесе нови грижи на граѓаните. Од политички причини,некои од државите ги затворија границите, правдајќи се дека соседот се уште има заболени од корона или пак дека не ги прикажува реалните бројки.

Па така најпрво Црна Гора ги затвори границите за Србите. Овие две држави имаат затегнати односи поради црковниот спор што резултираше со огромни критики кон претседателот Ѓукановиќ. Србија не се одлучи за реципрочни мерки.

Денеска пак Хрватска ја затвори границата со Црна Гора, а пак германска канцеларка Меркел им забрани на своите граѓани да патуваат во Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.