Серија на земјотреси ја погодија вчера Албанија, а најсилен беше првиот, регистриран на 13 километри северно од Драч, после 14 часот, со јачина од 5,8 степени.
Портпаролката на Министерството за здравство Етиола Колја Налбани рекла дека според првичните информации најмалку 30 луѓе се повредени, но никој потешко, пренесува АП.
Локалните медиуми известуваат пак, дека над 70 лица се примени во болница во Тирана.
Сите наши соседи истрачаа врескајќи. Фала му на Бога па не траеше долго, околу 20 секунди. На десеттиот спрат беше хорор. Не се сеќавам на посилен земјотрес од овој, рекол за „Ројтерс“ 67-годишен пензионер од Тирана.
Една постара зграда во Тирана е евакуирана затоа што после потресите во неа се појавиле пукнатини, а делови од фасадата почнале да отпаѓаат.
Во Драч и Тирана има оштетени куќи, а поедини домаќинства останале без електрична енергија.
Албанскиот премиер Еди Рама го откажал патот за Њујорк поради земјотресите.
Ова е најсилниот земјотрес во последните 30 години во Албанија, а се почувствува и во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.