Регуларно, за сите деца, но со строго почитување на мерките, на 1 септември 2020 година, во Грција се отвораат детските градинки, јави дописничката на МИА од Атина.
Маската ќе биде задолжителна само за вработените, додека пак за децата е доброволна, а конкретните и комплетните упатства за работата на градинките во следните денови ќе ги соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција.
Одлуката била донесена по состанокот на надлежните заменици-министри со Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција.
Ја донесовме оваа одлука, откако многу внимателно, со Комисијата на епидемиолози, ги разгледавме сите податоци и се погриживме за сите мерки што се неопходни за безбедноста на вработените и децата. Сигурно дека е многу важно за работната и секојдневната програма на семејствата тоа што благодарение на мерките што ги преземаме, градинките ќе работат регуларно во однос на работното време и секако од 1 септември – рече заменик-министерката за труд и социјални прашање на Грција, Домна Михаилиду.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.