Чаба Дер(39) од Чантавир, осомничен дека во белградската населба Баново брдо го убил Небојша Марковиќ, го бара и унгарската полиција поради сомневање дека на 20 септември минатата година во Будимпешта го убил бизнисменот Ласло В.
Медиумите во Унгарија наведуваат дека Дер го убил бизнисменот на паркинг на периферија на Будимпешта, така што го натерал да клекне и му пукал во глава. Телото на Ласло В. го фрлил во блискиот поток и избегал, а во авотомобилот на убиенот најдени се дрога и пари.

Каде се крие Дер, се уште не е познато, а неговиот соучесник Ален Циглер (40), кој е уапсен во петокот во родната Суботица, не сакал да зборува за тоа. Не сакал да каже било што за мотивите на ликвидацијата на Марковиќ. Кај него е најден пиштол, за чие поседување немал дозвола и сега се проверува дали тоа оружје е користено и во некои други егзекуции.

Белото пунто со кое Циглер го довезол и одвезол убиецот од местото на злосторството, најдено е паркирано меѓу солитери во Нов Белград. Во автомобилот се најдени биолошки траги кои помогнале во идентификација на соучесниците.

Небојша Марковиќ е убиен пред осум дена пред семејната куќа додека пакувал количка за детето. Чаба Дер, излегол од бело пунто, извадил пиштол од торбата, му пришол и му пукал во градите и главата. Марковиќ паднал, Дер влегов во автомобилот со кој дошол и избегал, а злостроството го снимиле камерите. Токму врз основа на тие снимки идентификуван е убиецот Дер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.