По налог на основното државно обвинителство на Црна Гора, уапсени се неколку полициски службеници, поради сомневање дека ја злоупотребиле службената позиција со укинување на забраната за влез во земјата на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кон крајот на минатата година.
Како што обајви „Новости“, приведен бил шефот на Секторот за општ криминал, Александар Бошковиќ, како и двајца службеници во истиот сектор, Саша Џуровиќ и Славко Иванишевиќ.
На Беливук и Миљковиќ им била изречена забрана за влез во Црна Гора поради зачувување на државната и внатрешната безбедност.
Тие двајца, заедно со Небојша Јанковиќ, Ратко Живковиќ и уште неколкумина засега неидентификувани членови на Кавачкиот криминален клан се осомничени за убиство на припадникот на Шкаљарскиот клан, Дамир Хоџиќ и неговиот зет, Адис Спахиќ
Според доверливи извори на „Новости“, во наредните неколку дена може да се очекува поради овој случај пред обвинител да се најдат и некои лица кои во претходниот состав на Министерството за внатрешни работи имале високи позиции, додека во новоиот состав останале без распоредување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.